загипсира | св.
заглавен | прид.
Што е насловен, воведен, почетен. Под овој заглавен збор ги даваме сите изведени зборови од него. Заглавните букви и иницијалите се цртани со боја.
заглави | св.
Стави, вметне, втера нешто во положба од која тешко може да се извлече. Пушката ја заглави меѓу два камена. Тој ја заглавил секирата во тврдото стебло на дабот.
заглавие | ср.
заглавка | ж.
Клин што се забива во рачка, во дршка на секира, во мотика и сл. При работењето ми испадна заглавката од секирата.
загладни | св.
Почне да чувствува глад, му се пријаде; огладне. Од долгото пешачење сите загладневме.
загладува | св.
Почне да гладува; Храната брзо се потроши и ние пак загладувавме.
загледа | св.
Почне да гледа (во) нешто со некакво внимание, со некаков интерес. Го загледа писмото од сите страни.
заглиби (се) | св.
Пропадне, потоне во глиб, во кал и сл. Тој до коленици се заглибил во тиња и кал. Се заглиби во браздите на нивата.
заглода | св.
Почне да глода; глода Кучето ја заглода коската.