заклати | св.
Почне да клати. Таа заклати со главата. Тој ја заклати празната чашка.
заклацка | св.
Почне да клацка; клацка Силниот ветар ги заклацка дрвените капаци на прозорците.
закленѕа | св.
Почне да кленѕа/кленца; Детето закленѕа низ дворот.
заклепа 1 | св.
а) За клепало – почне да клепа, да испушта звук. Клепалата полека заклепаа. б) Почне да удира во клепало; клепа1 Го зеде клепалото и силно заклепа.
заклепа 2 | св.
Почне да клепа, да трепка со очите; Погледна кон него и заклепа со очите.
заклет | прид.
Што е непомирлив, огорчен. Заклет непријател.
заклетва | ж.
Свечено ветување дадено јавно и на определен начин дека нешто ќе се направи, дека ќе се зборува вистината; клетва. Војниците дадоа свечена заклетва дека ќе ја бранат татковината. Тој ја прекрши заклетвата. Сведоците зборуваа под заклетва.
заклешти | св.
Фати, стегне како со клешти; Ме заклешти со силните раце.
заклешти се | св.
Почне да се клешти, да се смее силно. Детето се заклешти пред гостите.
заклима | св.
Тој заклима одречно.