заклинка | св.

За коњ, за магаре – почне да клинка; клинка Магарето заклинка низ дворот.

заклокоти | св.

Почне да клокоти, да врие силно; клокоти 2. Неколку меурчиња заклокотија во водата над варта.

заклопи | св.

Стави заклопка на нешто, покрие, поклопи. Ковчегот беше убаво заклопен со капакот.

заклопка | ж.

Тоа со што се покрива нешто; поклопка. Кутијата имаше резбана заклопка.

заклопоти | св.

Почне да клопоти, да тропа;

заклоца | св.

Почне да клоца; клоца Кобилата заклоца со нозете.

заклучен 1 | прид.

Што е затворен со клуч. Заклучена врата.

заклучен 2 | прид.

Што е конечен, дефинитивен, завршен. Заклучен збор. Заклучни ставови.