искити | св.
Накити, украси. Ја искитија елката со лампиони во различни бои.
искласи | св.
Пушти клас, создаде клас. Житото за кратко време искласи.
исклепа | св.
Со клепање наостри сечило (на коса и сл.).
исклешти се | св.
Се насмее силно, гласно, покажувајќи ги забите со грда гримаса. Ми се исклешти пакосно и силно и си замина.
исклоца | св.
Удри некого со нога повеќе пати; клоца.. Магарето убаво го исклоца комшијата.
исклувка | св.
исклучен | прид.
Што го исклучиле од работа, од струја, од сообраќај и сл. Исклучено радио. Исклучените ученици поднесоа жалба до директорот.
исклучи | св.
Отстрани од група, од друштво, од членство, од игра и сл. Го исклучија од училиште. Партијата го исклучи од своите редови.
исклучив | прид.
Што исклучува друга можност (решение, мислење, постапка итн.).
исклучителен | прид.
Што отстапува од општите правила; редок, посебен. Тоа важи само во исклучителни случаи, не секогаш.