испуст | м.
Оградена просторија во непосредна близина на штала каде што се пушта добитокот на чист воздух и сонце. Кога е топло времето, добитокот го чуваат во испустите.
испустеник | м.
Тој што е испустен, осамен. Дојде и селскиот испустеник, дедото од најоддалечената куќичка.
испусти | св.
Направи нешто да биде пусто, опустоши. Немирни деца ја испустија градината. Ја испустија земјата.
испуши | св.
Ја испуши последната цигара. Го испуши тутунот што го носеше во ќесето.
испушти | св.
Пушти нешто, престане да држи. Ја испуштив чашата и таа се скрши.
испцовиса | св.
За животни ‒ пцовиса во голем број, сите до едно. Добитокот испцовиса од глад.
испцуе | св.
Упати некому многу пцости. Го испцу и си замина. Не можеш ништо да сториш освен да ги испцуеш.
исрка | св.
Испразни, изеде нешто со сркање. Колку што сум гладен, цело тенџере ќе исркам. Брзо ја исрка чорбата и побара уште.
ист | прид.
Што не е некој друг; токму тој. По многу години се најдов на истата улица, пред истата куќа. Истиот тој пред еден месец поинаку зборуваше. Истиот миг го грабна писмото и излета низ вратата.
истави | св.
Отстрани, помести нешто да не пречи. Истави ми го ова од пред очи.