ледник 1 | м.

Дебел слој мраз што се формира во долините на високите планини и во поларните области и има способност да се движи кон реките или кон морињата; Континентален ледник. Долински ледник.

ледник 2 | м.

Ѓердан од златни и сребрени пари.

ледовит | прид.

Што е од лед, што има лед. Ледовит крај.

лее | несв.

Црпи, зафаќа вода од извор, од чешма и сл. Секое утро леат вода од чешмата.

лежалка | ср.

Дрвен, пластичен или платнен предмет за лежење на плажа. Немаше ниту една слободна лежалка на плажата.

лежарина | ж.

Такса за чување стока во магацин или на стовариште.

лежерен | прид.

Што е спонтан, неусилен. Лежерен разговор.

лежечки | прид.

Што е во состојба на лежење, што лежи. Лежечка положба.

лежи | несв.

Се наоѓа во хоризонтална положба, испружен. Лежи во сенка. Лежи на креветот.

лежиште | ср.

Елемент на кој се потпира конструкцијата при што товарот се пренесува на основата, машински дел во кој се врти крајот на оската во определена положба; лагерОската излезе од лежиштето.