лештарка | ж.
Птица од фамилијата тетреби, се храни со лешници; Tetrastes bonasia.
лештарник | м.
ли 1 | чест.
Во прашални реченици за засилување на исказот. а) Во реторско прашање. Таков ли дар ми носиш? Така ли се договоривме? б) За изразување колебање, сомнеж и неверување дали. Мислиш ли навистина така? Мислиш ли да дојдеш? Сметате ли дека треба да се продолжи со разговорите на оваа тема? Треба ли да станеме? И ти ли, сине Бруте?
ли 2 | сврз.
За развивање условност. Почне ли да вика, ти стани и оди си. Заврне ли, влезете во куќата.
либаде | ср.
Вид на гуна од тенка црна чоја со широки ракави без украси што ја носеле аџиите на аџилак.
Либан | м.
Држава во Азија.
либе | ср.
Љубено моме или момче. Мајка ѝ не ја пушти да си оди со првото либе. Твоето либе со друга мома стоеше.
либела | ж.
Направа за определување и контролирање на хоризонталната положба на рамна површина.
либерал | м.
Лице со слободоумни, либерални сфаќања; приврзаник на либерализмот.
либерален | прид.
Што се однесува на либерал. Либерален човек.