либерализам | м.
Движење и доктрина што како основни вредности на општествено‒политичкото и економското уредување ги истакнува идеите за граѓанско општество на верска толеранција, индивидуална слобода на мислење и јавно искажување, право на сопственост и слободен натпревар во економските активности, самостојност на законодавната и судската власт во однос на извршната.
Либервил | м.
Главен град на Габон.
Либерија | ж.
Држава во Африка.
либидо | ср.
Страсна желба, сексуален нагон.
Либија | ж.
Држава во Африка.
либретист | м.
Автор на либрета.
либрето | ср.
Текст за музичко‒сценско дело, драмско музичко дело (опера или оперета). Оперско либрето.
лив 1 | м.
Растопена маса од метал од која се леат различни предмети.
лив 2 | м.
Диво животно, ѕвер. Лив горски. Дувло од ливови.
ливада | ж.
Земјиште обраснато со трева која се коси за сено или се користи за пасење; земјиште обраснато со трева, полско цвеќе и други ситни растенија. Зелена ливада. Цветни ливади. Ливада со искосена детелина.