лицка | несв.
Претерано дотерува некого или нешто. Мајка ѝ многу ја лицка.
лицна | ж.
Влакно, тенка жичка на електричен осигурач.
лицомер | м.
личен 1 | прид.
а) Што се однесува, припаѓа на одредено лице. Личен прибор. Лична карта. Лично име. б) Што се однесува на поединец, граѓанин. Лична сигурност. Лична слобода.
личен 2 | прид.
Што е на лик убав и строен човек. Личен маж. Лична мома.
личи 1 | несв.
Сличен е со некого или со нешто. Личи на мајка ѝ. Невестата личеше на самовила. Личи на коцка.
личи 2 | несв.
Вика, објавува гласно некаква вест, разгласува. Јунакот личеше, да чуе мало и големо, да се зберат сред село.
личнее | несв.
Е убав, станува убав; со својата убавина краси нешто. Што повеќе расте, се повеќе личнее. Со својата зелена руба горите личнееја по планините.
лично | прил.
а) Со учество на самото лице, сам, без посредник. Лично му кажав. Лично го донесе. Лично сум согласен. б) Во непосредна врска со сопствената личност, непосредно, интимно. Од постапката, беше лично погоден. Лично се познававме.
личност | ж.
Човекот како носител на духовни квалитети и на трајни, доследни манифестни особини со кои се изделува како единка и се разликува од другите во општествената заедница. Го гледаше како расте, се развива и станува зрела личност. Историска личност.