лобира | несв.

Дејствува, работи како лоби во јавниот живот или во парламентот.

лобист | м.

Лице, политичар што учествува во лоби, што лобира за некоја политичка или за определена програма.

лобода | ж.

Едногодишна билка со бледозелени заострени листови: а) дива, кучешка лобода ‒ Atriplex; б) питома лобода ‒ Atriplex hortense.

лободарник | ж.

Место засадено со лобода.

лов | м.

Фаќање или убивање дивеч со разни направи или со оружје; ловење. Се занимава со лов и риболов. Во ова време од годината ловот на лисици е забранет.

ловен | прид.

Што се однесува на лов. Ловна сезона. Ловна опрема.

ловец | м.

Човек што се занимава со лов. Страстен ловец на диви свињи.

ловечки | прид.

Што се однесува на лов и на ловец. Ловечки дом. Ловечки приказни. Ловечка пушка. Ловечки авиони.

лови | несв.

Фаќа, убива животни во нивната природна средина. Лисицата ги ловеше кокошките. Волкот најчесто лови ноќно време.