лоцира | св. и несв.

Смести, сместува нешто на определено место, определи, определува место на нешто.

лочка | несв.

Силно стиска, гмечи. Ги земаше листовите еден по еден и ги лочкаше со прстите.

лочка | ж.

Течност разлеана по површината на нешто; локва Лочка крв.

лош | прид.

а) Што не е добар (во морална смисла), зол, злобен; добар. Лош човек. Лоши соседи. Лош карактер. б) Што е опасен, свиреп, крволочен. Лоши кучиња. Лоша ѕверка.

лоши се | несв.

Има чувство на тегоба. Му се лоши од патот. Му се лошеше од тешката реа.

лошо | ср.

Лоша постапка или појава. За лошо беа дојдени. Лошото само не иде.

лошо | прил.

На лош начин, добро. Лошо спиев. Се чувствува лошо. Лошо облечен. Лошо ќе си помине. Лошо ми е.

лошотија | ж.

Особина на тој што е лош; лоша постапка. Никој не можеше да ја запре неговата лошотија. И пијан и трезен правеше лошотии.

Лоѓ | м.

Град во Полска.