Марибор | м.
Град во Словенија.
марина | ж.
Пристаниште што служи за закотвување јахти, глисери, чамци, едрилици и сл., обично во туристички места.
маринада | м.
Сос подготвен со оцет, растително масло, лук, зачини и др. во кој се ставаат да отстојат некои видови месо или риба за да примат определен вкус или да омекнат; начин на конзервирање риба
маринец | м.
Припадник на пешадија во морнарицата.
маринира | св. и несв.
Стави, става нешто во маринада.
маринист | м.
Сликар што слика морски пејзажи.
Мариово | ср.
Област во Македонија.
марионета | ж.
Вид кукла што се движи со помош на конци или жици со која се изведуваат театарски, обично детски, претстави.
марифет | м.
Вештина, снаодливост, лукавство; шега. Со марифет успеа да ја избегне казната. Цела вечер изведуваше марифети и ги смееше.
марифетчија | м.
Лице што прави марифети. Голем марифетчија е!