насто | прил.
Процент изразен со број. Лебот поскапел за 3 насто.
настожи | св.
Собере во стог (сено и сл.).
настои се | св.
Помине долго време во стоење. Се настојавме, чекајќи го возот.
настојник | м.
Лице задолжено да се грижи, да чува нешто. Куќен настојник. Настојник на зграда. Црковен настојник.
настојништво | ср.
Група луѓе избрани да раководат црква, друштво и сл.
настојува | несв.
Упорно бара, вложува напор, се труди нешто да се направи, да се постигне. Мајката настојуваше да ѝ дозволат да си го види синот. Домашните настојуваа свадбата да биде што побрзо.
настојчив | прид.
Што настојува многу, упорен, непопустлив. Беше настојчив и непоколеблив, од тоа што намислил не отстапуваше.
настрада | св.
Насилно изгуби живот, загине. Во авионската несреќа сите настрадале. Во поплавата настрадало едно лице.
настрана | прил.
На страна, на некоја страна (просторно). Седна малку настрана. Се тргнаа настрана нешто да си кажат. Ја наведна главата настрана.
настрани | св.
Стави, намести нешто малку настрана; навали.