намена | ж.
Однапред определена цел за што ќе се употребува. Селското гумно имаше намена и на селско игралиште. Секое божјо создание си има своја намена. Производи со украсна намена. Секој дел има своја намена.
намени | св.
Направи, произведе, подготви нешто за определена цел. Еден дел од зеленчукот го намени за преработка, а другиот го продаде. Две слики намени за продажба. Произведуваа облека наменета за покрупни жени.
наменски | прид.
Што се однесува на намена, што е наменето. Наменско производство. Наменска продавница.
намера | ж.
Замисла, решеност да се направи, да се постигне нешто. Има добра намера. Чесна намера. Цврста намера. Јасна намера. Успеал во намерата.
намерачи се | св.
Покаже желба да добие нешто, има мерак за нешто, фрли мерак. Се намерачиле на хотелот и базенот да ги купат некако.
намерда | св.
Натепа некого. Го нашле во туѓ бостан и го намердале. Убаво намердај го да му дојде умот.
намерен | прид.
Што е направен со намера, смислен, свесен. Неговата шега беше намерна.
намерение | ср.
намери | св.
Нанишани, земе на нишан. Намери право во центарот на целта.
намерник | м.
(дијал.) стројник.