подвласти | св.

Стави под своја власт;

подвлече | св.

Стави под нешто со влечење. Таа го подвлече килимот под ногарките на креветот.

подводен | прид.

Што се наоѓа под нивото на водата. Подводни карпи. Подводни пештери.

подвоен | прид.

Што е поделен на две, што се дели на две. Подвоен колектив.

подвоз | м.

Транспорт на стоки и др.

подвозник | м.

Подземен премин, премин за луѓе и возила под јавна сообраќајница (улица, пат, железничка линија). Под раскрсницата изградија подвозник.

подвои | св.

Раздвои, подели на две, разедини. Одлуката на директорот го подвои колективот на две.

подвоуми се | св.

Се двоуми, се колеба малку, некое време. Се подвоуми дали да оди или да не оди на пат по ова невреме.

подврзе | св.

Врзе, со врвца стегне, затвори нешто (вреќа и сл.) да не се растури, да не може да излезе содржината. Работниците ги подврзаа вреќите и ги наредија крај ѕидот.