подврива | несв.

Врие по малку, слабо.

подврне | св.

За дожд, снег и сл. ‒ врне слабо, малку. Дождот подврнал пред тоа и во воздухот немаше прашина.

подгази | св.

Згази, нагази врз нешто, со газење оштети, измени облик на нешто. Ги подгази чевлите.

подгазница | ж.

Ремен на самарот што го држи да не оди напред.

подговори | св.

Незабележано потсети некого на нешто. Му подговори да не оди по риба.

подголтне | св.

Голтне плунка. Тој подголтна пред да проговори.

подгони | св.

Почне да гони некого или нешто, засилено од повеќе страни. Арамијата го подгонија од сите страни. Пците го подгонија зајакот.

подгори | св.

Изгори до некој степен. Во пожарот што изби, гредите на куќата подгореа.

Подгорица | ж.

Главен град на Црна Гора.