популизам | м.

(лит.) Литературен правец што го прикажува народниот живот, неговите проблеми и суштина.

популист | м.

Приврзаник на популизмот.

попумпа | св.

Пумпа малку, некое време. Попумпа вода од чешмата во дворот и ги навади цвеќињата.

попупа | св.

За пупунец – пупа малку, некое време.

попуст | м.

Намалување, снижување на цената; делот од цената за кој е намалена. Сезонски попуст. Продавницата нуди големи попусти за плаќање во готово.

попуст | прид.

Што е неостварлив, што е залуден; Попуста желба. Попуст напор.

попустлив | прид.

Што попушта, што не дава отпор, што лесно отстапува. Попустлив човек.

попустливо | прил.

Со попуштање, попуштајќи. Се согласувам – одговори попустливо.

попустливост | ж.

Особина на тој што попушта, што е попустлив. Токму поради неговата благост и попустливост, сите му се обраќаа нему.

попусто | прил.

Залудно, напразно, непотребно. Попусто е да се расправам со тебе. Тие тргнаа по него, но попусто. Попусто му зборуваш, зашто не те разбира.