попуши | св.

Пуши малку, некое време. Попуши еден месец и ги остави цигарите.

попушти | св.

а) Направи нешто да стане полабаво, помалку затегнато; олабави. Ѝ попушти стисокот на рацете, се олабави. Тој го попушти ременот на панталоните. Го попуштив јажето, па го притегнав. б) Изгуби цврстина, престане да држи. Ѕидовите попуштија. Пукна и попушти гранката под него. Гнилите штици попуштија под тежината. в) Стане помалку крут, омекне. Мораше да ги разгази чевлите за да попуштат. г) Намали во интензитет, во силина. Вечерта запурнината попушти. Зимата одамна попушти. Стравот попушти, веселба го замени. Напнатоста постепено попушти.

попцала | св.

Пцала малку, некое време во црква.

попцуе | св.

Пцуе малку, кратко време.

попљампа | св.

Дрдори, брбори некое време.

пор | м.

Мала граблива ѕверка од фамилијата куни, со темнокафеаво или со црно крзно, што лачи секрет со многу непријатен мирис заради заштита и одбрана од непријателот; Mustela putorius.

пора 1 | ж.

Мал отвор на потните жлезди по површината на кожата. Пори на кожата.

пораатиса | св.

Ослободи некого малку од грижи.