поразјасни | св.
Разјасни, објасни нешто во некоја мера. Откако ми ја поразјасни работата, се согласив со него.
порака | ж.
Тоа што се порачува некому; соопштение, известување испратено по некого. Дојде кај него и му ја соопшти пораката на стариот. Шифрирана порака. Кодирана порака. СМС порака.
порамни | св.
Направи рамен; зарамни, израмни
поранешен | прид.
Што е временски пред тоа за што станува збор; претходен, минат, преѓашен; По неколку денови сѐ се врати во поранешниот тек. Поранешниот директор на фабриката му беше пријател.
порани | св.
Стане рано наутро. Тоа утро порани, за да стигне навреме.
порано | прил.
Компаратив од рано. Тоа утро стана порано. Ќе дојдам порано.
порасади | св.
Расади малку, донекаде. Жената ги порасади цвеќињата во дворот.
порасветли | св.
Расветли, опсипе малку со светлина. Сонцето ја порасветли просторијата.
порасее | св.
Расее семе малку, донекаде. Тој порасеа семе за расад.
порасече | св.
Расече во некоја мера, донекаде или уште малку. Тој ги порасече гранките. Порасече од лебот и му го подаде.