потекло | ср.
Припадност по раѓање (кон фамилија, нација, класа и сл.). Тој по потекло е Македонец. Таа беше од благородничко потекло.
потекне | св.
Води потекло од некого или од нешто. Тој потекна од градска средина и тешко се навикна на селото.
потекува 1 | несв.
потекува 2 | несв.
потем | предл.
Потем некое време залајаа кучињата.
потем | прил.
За време – потоа, после. Потем седна на прагот и некое време седеше. Се обиде да каже уште нешто, но потем замавна со раката.
потемнее | св.
Стане темен; Ѕидовите испукаа и потемнеаја од влага. Погледот и потемна.
потемни | св.
Направи нешто да стане темно. Тешки облаци го потемнија небото.
потен | прид.
Што е облеан со пот по кожата. Тој влезе во собата сиот задишан и потен. Го извади марамчето и си го избриша потното чело.
потентен | прид.
Што има потенција, силен, способен за вршење некаква дејност.