праведен | прид.

Што се заснова на правда, што се однесува на правда, што е справедлив, правичен. Праведен судија. Праведно барање. Праведна казна.

праведник | м.

Тој што во своите постапки спроведува правда, го почитува начелото на праведност; праведен човек. Тие клекнаа пред праведникот и побараа помош.

праведнички | прид.

Што му припаѓа, што се однесува на праведник и на праведница. Праведнички надежи и очекувања.

правен 1 | прид.

Што не е природен, вештачки. Правени заби.

правен 2 | прид.

Што се однесува на право. Правен факултет. Правен систем. Правни односи.

правец | м.

Замислена линија на движење насочена кон определена цел; насока. Спротивен правец. Непознат правец. Погрешен правец. Трчаше во правец на селото. Заминаа во различни правци.

прави | несв.

Изработува, произведува (самиот или преку друг) нешто. Прави чевли. Прави прозорци. Прави куќа. Ластовичката прави гнездо.

правилен | прид.

Што се заснова на правило, што се однесува, се подведува под правило. Правилен изговор. Правилна промена. Правилни форми.

правилник | м.

Состав, збир од правила за начинот на кој треба да се одвива работата во еден колектив или да се извршува некаква дејност. Тарифен правилник. Правилник за оценување на учениците. Правилникот стапува во сила веднаш.

правило | ср.

а) Одредба, принцип, пропис што се однесува на организацијата и начинот на работа, односите меѓу луѓето во една средина и сл. Ова правило треба сите да го почитуваат. Правила на службата. Христијански правила. б) (обично во мн.) Збир од такви одредби, прописи што го определуваат начинот на извршување на нешто. Правила на игра. Правила на бонтон.