преврска | ж.
завој.
преврти | св.
а) Сврти, заврти нешто од една страна на друга. Ја преврти чашата. Го преврти капутот. Ја преврти тортата врз чинијата. Го преврти месото на скарата. Преврти нова страница од весникот. Ветрот ги преврти сите саксии во дворот. Силните бранови го превртија чамецот. б) Стави, премести некого од една страна на друга. Тие го превртија болниот на другата страна. Мајката го преврти детето на постелата неколкупати.
превртлив | прид.
Што е непостојан, недоверлив, лажлив. Тој има превртлив карактер. Ја сметаа за нечесна и превртлива жена.
превртливец | м.
Превртлив човек. Треба да се заземе цврст став кон превртливците.
превруши (се) | св.
Раскости, разурне;
превсени се | св.
Се испречи како сенка, направи сенка, засени. Тогаш му се превсени некоја сенка.
превтаса | св.
Престигне, надмине некого во нешто. Тој ги превтаса своите другари. Тој го превтаса брата си во растот.
прега | несв.
прегази | св.
Премине со газење преку нешто. Децата ја прегазија реката во најплиткото место.
прегален | прид.
Што е премногу гален; разгален. Прегалено дете.