прогон 2 | м.

Мерка за земја – површина што може да се изора за еден ден орање.

прогоненик | м.

Тој што се наоѓа во прогонство.

прогони | св.

Истера, изгони далеку од земјата како чин на казна или на насилство. Го прогласија за виновен и го прогонија.

прогонител | м.

Тој што прогонува некого.

прогонство | ср.

Состојба на тој што е истеран, избркан. Го осудија на прогонство. Половина од животот помина во прогонство.

прогонувач | м.

Тој што прогонува, што осудува некого на прогонство. Тој беше негов вечен прогонувач.

прогори | св.

Изгори во мала мера. Го прогоре чаршафот со цигарата.

програка | св.

Почне да грака; Во крошните на дрвјата програкаа чавки.

програма | ж.

План и цел на работата што претстои и што треба да се изврши во некоја дејност. Програмата за претходната година потполно се реализира. Програмата за оваа година е повеќе од амбициозна.