раслабен | прид.
Што е снемоштен, истоштен, немоќен, без сила. Раслабено момче.
раслаби | св.
Направи некого да е бессилен, да е немоќен. Болеста многу го раслаби. Немаштијата ги раслаби децата.
раслече | св.
Слече, соблече, расоблече, отстрани алишта со слекување. Таа ги раслече децата. Момчето ги раслече панталоните.
раслои | св.
Раздели, издели на слоеви нешто што е составено од повеќе слоеви. Тој ги раслои одделните примероци од овие растенија.
расмеан | прид.
Што е насмеан, радосен, расположен во поголема мера. Расмеани лица. Расмеани деца.
расмева (се) | несв.
расмее | св.
Предизвика, поттикне кај некого силно смеење. Таа ги расмеа гостите. Прво ги расмеаја, потоа ги растажија. Таа го расмеа до солзи.
расмрди се | св.
Почне силно да смрди, да испушта непријатен мирис. Месото се расмрди.
расне | несв.
Станува поголем, повисок. Детето раснело многу бргу. Бебето најмногу расне првите месеци од животот.
расност | ж.
Севкупност на добрите особини, одлики на една раса (кај животните); . Расноста кај коњите е услов за успешно грло. Расноста кај говедата е многу важна. Свињи со добра расност.