распад | м.

Распаѓање на некаква целина (организација, партија, систем и сл.). Распад на клубот.

распади | св.

Разбрка, растера, разгони на разни страни, сите. Таа ги распади децата од дворот.

распадлив | прид.

Што може да се распадне, што се распаѓа. Распадлив материјал. Распадлива материја.

распадливост | ж.

Својство на тоа што може да се распадне. Материјата се загрева до степен на распадливост.

распадне се | св.

Загуби целост, единственост, се уништи. Од невремето оградата се распадна. Фасадите од зградите се распаднаа од земјотресот.

распакува | св. и несв.

Извади, вади предмети од куфер, торба и сл., растури, растура пакет;

распалави се | св.

Почне да палавее, да прави лудории, да лудува. Гостите се распалавија. Славеникот се распалави, се разгали многу.

распален | прид.

За оган ‒ разгорен, распламтен. Распален оган. Распалени дрва.