расплетка | св.

Отплетка, одмрси нешто заплеткано, замрсено. Тој ги отплетка конците.

расплива се | св.

а) Почне да плива повеќе или уште повеќе. Децата се распливаа. Гумените играчки се распливаа по водата. Куќите се распливаа во вода. б) Со вежбање постигне добро, сигурно владеење во пливањето, се подготви, се загрее за пливачки натпревар. Половина час пред натпреварот пливачите се распливаа.

распливне | св.

Разлие, растури. Таа го распливна маслото по масата.

расплиска | св.

Почне да плиска на разни страни. Децата ја расплискаа водата од коритото.

расплисне | св.

Плисне течност на сите страни.

расплод | м.

Приплод, размножување, расплодување. Оваа сорта ја чуваа за расплод.

расплоден | прид.

Што е определен, што се чува за расплод. Расплодни јунци. Расплодни кокошки.

расплоди | св.

Размножи во големо количество. Квачката расплоди пилиња.

расплодлив | прид.

Што може да се расплоди. Расплодлива живина.

расплодник | м.

Животно определено за расплод, обично машко. Овие овни се расплодници.