распраши | св.

Изврши прашење;

распрашувач | м.

Алатка, машина или дел од машина што служи за распрашување земја. Во комората се вградува распрашувач.

распрден | прид.

Разгален. Распрдени деца.

распрди | св.

Премногу разгали. Тие го распрдиле детето.

распрега | несв.

распрегне | св.

Оттргне, ослободи од спрега, отпрегне; спрегне. Тој ги распрегна маските. Тој го распрегна волот.

распреде | св.

Прави да стане расучено, отсуче нишки што се предени. Таа го распреде волнениот конец. Девојчето го распреде волненото клопче.

распределба | ж.

Разместување, распоред, поставување ред. Таа направи распределба во групи според возраста. Новата распределба во станот не му се допадна.

распределеност | ж.

Состојба на тоа што е распределено. Територијална распределеност на определената појава.

распредели | св.

Раздели нешто меѓу мнозина по определен ред. Тој го распредели имотот на децата. Таа ги распредели парите на хуманитарни организации. Наставникот им ги распредели темите на учениците.