расте | несв.
Станува поголем како резултат на животниот процес на развој. Децата растеа бргу. Во градината растеше бел јоргован.
растеблува се | несв.
Развива стебло. Младите садници се растеблуваа за една година.
растег | м.
Растојание за еден вид мерка за должина рамна на просторот меѓу оптегнати, испружени раце. Зеде платно колку два растега. Простре неколку растези черги во тремот.
растега | несв.
растеглив | прид.
Што се растега, што може да се растегне. Растегливи ткаенини. Растеглива пружина. Многу растеглива гума.
растегне | св.
Со тегнење направи нешто да биде подолго или пошироко. Таа го растегна платното. Работниците ги растегнаа кожите. Растегнете го ластикот колку што можете.
растеж | м.
Процес на развој на живите организми, растење. Во процесот на растежот овие организми минуваат низ пет фази.
растекува се | несв.
растение | ср.
Организам што се храни со неоргански материи од почвата и од воздухот и што се разликува со својата клеточна структура од животните, според основната поделба на живите организми. Едногодишно растение. Украсно растение. Водни растенија. Во градината имаше различни растенија. Лековити растенија.
растенчи | св.
Направи да биде нешто потенко, растегне, развлече. Таа ги растенчи корите и ги стави да се сушат.