редакционен | прид.
Што се однесува на редакција; Редакциона група. Редакционен одбор.
редакција | ж.
Подготовка, обработка, проверка на текст (книга, списание, весник и сл.) за печат. Текстот ја мина последната редакција. Треба да се направи уште една редакција пред печатење.
редаленка | ж.
Жена што тажи, што реди, оплакува нешто или некого; тажачка. На гробот застанаа две редаленки.
редар | м.
Лице задолжено за редот на некоја манифестација (собир, приредба) или во некоја установа (кино, театар, стадион и сл.). Редарот го натера да се врати на своето место. Редарите држеа сè под контрола.
редарица | ж.
редарка.
редарство | ср.
Должност, служба на редар.
редачка | ж.
Жена што оплакува умрен на погреб или при погребен обред. На редачките гласот им зарипна.
редба | ж.
Жална песна, тажаленка со која се оплакуваат мртвите, Таа тажна редба реди.
редеж | м.
Редица, низа, ред; ред, редица на дрвја или на камења. Редеж од бисерни заби.
реден | прид.
Што е во некој определен, прифатен ред, што означува ред, редослед. Реден број. Редни броеви.