реденик | м.
Појас, ремен за носење куршуми, фишеци. Тие беа со реденици на градите. Тој ги испука сите фишеци во реденикот.
реденица | ж.
реденик.
редефинира | св. и несв.
Преформулира дадена дефиниција, поинаку дефинира нешто. Тие ги редефинираа основните поими.
редефиниција | ж.
Повторно дефинирање, редефинирање. Редефиниции на поимите.
реди | несв.
Поставува лица или предмети во определен ред, подредува. Тој ги редеше учениците по височина. Тие ги редеа чашите една до друга.
редигира | св. и несв.
редигува | св. и несв.
редизајн | м.
Поинаков дизајн од претходниот, преобликување на нештата. Редизајн на мебелот. Редизајн на визуелните ефекти.
редизајнира | св. и несв.
Направи, прави нов дизајн поинаков од претходниот. Го редизајнира целиот стан.
редингот | м.
Дел од облека, долго машко палто за јавање.