редистрибуција | ж.
Прераспределба на стоки, средства, доход и сл. Редистрибуција на добивката.
редиф | м.
Војник резервист во турската војска.
редица | ж.
Прав ред, права линија составена од лица или од предмети. Пред вратата имаше цела долга редица.
редник | м.
редница | ж.
Жена одговорна во големи семејства, што го води семејството и што воспоставува ред во него. Во куќата може да има само една редница.
редно | прил.
Обично во составот ‒ дојде време, треба да се изврши некакво дејство. Редно е да дојде дома. Редно е да ги поздрави гостите. Редно е да запее.
редов | м.
Обичен војник без чин. Редовите беа дисциплинирани.
редова | прид.
Во составот редова недела ‒ неделата пред зимската задушница.
редоват | прид.
Во составот редоват петок ‒
редовен | прид.
Што се одвива, се извршува по определен ред. Редовна пауза. Редовна посета. Редовна пошта.