редок | прид.

Поставен на растојание едно од друго. Ретки бели влакна. Ретка шума. Ретки снегулки. Ретка коса.

редосеалка | ж.

Машина за сеење во редови. На полето имаше трактори и редосеалки. Сеидбата се извршува со редосеалки.

редослед | м.

Определен ред, распоред според кој е поставено или претставено нешто. Редослед на буквите. Редослед на зборовите. Редослед на стиховите. Редослед на месеците.

редоследен | прид.

Што е поставен според определен ред. Редоследни дејства. Редоследно значење.

редува се | несв.

Се заменува на работа еден по друг според определен ред. Болничарките се редуваа.

редуктор | м.

Механизам што ја намалува брзината на вртежите при пренос на вртежно движење; намалувач, менувач на брзина што овозможува намалување на вртењата. Редуктор на брзината.

редукционен | прид.

Што се однесува на редукција;

редукција | ж.

Сведување на сложеното кон едноставно, кон попросто со намалување, ограничување. Редукција на сложените теории. Во денешни услови обредните песни трпат мошне брза редукција.

редум | прил.

По ред, со ред еден по друг (во просторот и во времето). Години редум верувате во чуда. Ги повикуваше сите редум. Редум се гласеа селските петли.