редундантен | прид.

Што се однесува на редунданција. Редундантни примери. Редундантен стил. Редундантни истражувања. Редундантна употреба.

редунданција | ж.

Развлечено, преопширно зборување со многу непотребни, неважни зборови. Во неговиот говор имаше редунданција и импровизации.

редупликација | ж.

(лингв.) Повторување на елемент од основата на зборот при зборообразувањето. Редупликација на ‒ов во примерот Јаковов. Редупликација во зборот. Редупликација на суфикси.

редуплицира се | св. и несв.

Се повтори, се повторува; се издвои, се издвојува. Во текстот се редуплицираат исти делови, но освежени со други. Скоро сите зборови може да се редуплицираат.

редуцира | св. и несв.

Намали, намалува; скрати, скратува; сведе, сведува на помала мера. Управата ја редуцира паузата за ручек. Таа ги редуцира оброците.

редуциран | прид.

Што се јавува како резултат на редукција; скратен, намален. Редуцирани вокали. Редуциран текст. Редуцирана изведба. Редуциран материјал.

рее | несв.

Занесено гледа. Таа со погледот рееше некаде во далечините.

реевакуација | ж.

Враќање на евакуирано население и имот на постојното место. Реевакуација на населението.

реекспорт | м.

Извоз на увезена стока за да се изврши нејзина доработка или за времена употреба.