рекомандира | св. и несв.
Даде, дава препорака, даде, дава рекомандација (писмено или усно) за некого или за нешто. Тој го рекомандира пред новиот претпоставен.
рекомпензација | ж.
Надоместок, отштета, надополнување, повторна компензација со нешто друго. Таа го добила мебелот како рекомпензација. Соодветна рекомпензација.
рекомпензира | св. и несв.
Надомести, надоместува; отштети, отштетува, повторно компензира со нешто, изврши рекомпензација. Тој ја рекомпензира штетата со пари.
реконвалесцент | м.
Тој што заздравува, закрепнува по некоја повреда. Центарот беше полн со реконвалесценти.
реконвалесцентен | прид.
Што се однесува на реконвалесцент и на реконвалесценција. Реконвалесцентен период. Реконвалесцентна состојба.
реконвалесценција | ж.
Период кога се закрепнува, се заздравува од некоја болест или од повреда.
реконструира | св. и несв.
Изврши, врши поправки, реконструкција; обнови, обновува, повторно изгради онака како што било. Најдобриот македонски архитект ја реконструира железничката станица. Ова лето реконструираа неколку стари куќи во центарот на градот. За две недели го реконструираа мостот.
реконструктивен | прид.
Што се однесува на реконструкција. Реконструктивен план. Реконструктивни дејности.
реконструкција | ж.
Повторна изградба, преобновување на нешто и враќање во слична или во иста форма, обнова на постојна конструкција на објект и сл. Реконструкција на стариот театар. Реконструкција на куќата.
реконтра | ж.
Израз во некои игри со карти (преферанс, покер и сл.) кога главниот играч одговара на понудата на противникот, прифаќајќи го предизвикот со двоен износ во играта; контра на контра.