репетитор | м.

Предавател на сигнали, направа што добива и испраќа сигнали во телевизиска мрежа на определена, поширока територија. Репетиторот на Црн Врв е во дефект. Има неколку репетитори распоредени во земјава.

репетиториум | ср.

Курс или книга што служи за брзо повторување на совладана содржина, на обработуван материјал во наставата, за проверка на знаење.

репетиционен | прид.

Што се однесува на репетиција и што служи за репетиција. Репетиционен материјал.

репетиција | ж.

Повторување, обично проба на театарска претстава. Репетицијата на делото пред премиерата беше добро изведена.

репка | ж.

Вид трупка со месест задебелен корен што се користи во исхраната; Raphanus sativus. Напролет се одгледува репката, а наесен репата. Репката и репата имаат умерена потреба за топлина.

реплантација | ж.

Замена на орган или на друга структура (прст, екстремитет, заб) со друг; пресадување, всадување, вметнување.

реплика | ж.

Краток одговор, забелешка или искажување несогласување со излагањето на некого. Нивниот разговор прерасна во реплики. Оригинална реплика. Тој даде куса реплика на неговиот говор.

реплицира | св. и несв.

Направи, прави забелешка на нечиј говор.

репне | св.

Удри силно некого. Тој го репна со книгата по глава. Таа го репна со камен по ногата.

реповадач | м.

Машина за вадење (собирање) репи (репки, трупки и сл.). Обичен реповадач. Реповадач со решеткави дискови.