решен | прид.

Глаголска придавка од реши.

решение | ср.

Обмислен заклучок за избор на една од две или повеќе постапки. Таа донесе решение да не се мажи. Тие отстапија од своите решенија. Тој секогаш носи избрзани решенија. Разумно решение.

решеност | ж.

Подготвеност, обмисленост, сигурност во желбата да се оствари нешто. Кај нив имаше решеност да победат. Цврста решеност.

решетар | м.

Тој што прави или што продава решета.

решетарка | ж.

Растение, билка со тенко стебленце и светли виолетови цветчиња; Pterocephalus plumosus.

решетест | прид.

решети | несв.

Прави дупки на/во нешто. Тие ја решетеа влезната врата. Куршумите го решетеа ѕидот.

решетка | ж.

Ограда од вкрстени или паралелно блиску поставени прачки (дрвени или метални). На прозорците има решетки. Железни решетки. Решетки на кафез.

решеткав | прид.

Што личи на решетка, што е заштитен со решетка. Решеткави отвори за вентилација.

решето | ср.

Вид сад со тркалезна форма со дупчиња на дното, што служи за одвојување отпадоци од зрна од житни растенија, грав и сл. Старо решето. Дрвено решето. Дупнато решето.