разврши се | св.

Почне силно, енергично да врши жито. Како што си се развршил уште од рано изутрина, брзо ќе завршиш со работата.

разгази | св.

Со газење набие, изгази, израмни снег, кал и сл. Минувачите го разгазија снегот и направија патека.

разгален | прид.

Што е многу гален, на кој многу му се угодува, му се оди по волјата. Разгалено дете.

разгали | св.

Направи некого да стане гален; навикне некого на удобност, на исполнување на сите желби и барања. Постојано им попушташе и така ги разгали.

разгалче | ср.

Галено дете. Таа е мамино разгалче.

разгатка | ж.

Откривање, разгатнување на нешто загадочно, прикриено, тајно. Треба подлабоко да се вникне во разгатката на човековите страсти. Потребна е разгатка на причините и поводот за конфликтот. Ја откривам разгатката на неговата животна филозофија.

разгатлив | прид.

Одгатлив. Разгатливи симболи.

разгатне | св.

Открие, одгатне. Никој нема сили да разгатне од што ѝ е болката. Тој настојуваше да ги разгатне неговите мудри зборови.

разгаштен | прид.

Што е разпојасан, раскомотен. Влезе стариот, бос и разгаштен.

разгашти | св.

Пушти некого да оди со непритегната облека; ослободи некого од вишок облека за да се чувствува удобно, раскомоти. Ги разгашти децата и ги пушти да играат во дворот.