разголен | прид.
За делови од телото ‒ што се голи, непокриени со облека. Рацете му беа разголени до лактот. Ги спушти разголените нозе во реката. Разголени гради. Разголен грб.
разголи | св.
Симне облека од некој дел на телото. Таа ја симна марамата и го разголи вратот.
разгон | м.
Лековито растение со мовлести листови и светлосини или светловиолетови ситни цветови; Veronica officinalis.
разгонетост | ж.
За женско животно ‒ состојба на пројавување нагон за оплодување.
разгони | св.
Изгони на разни страни, растера, разбрка. Редарите ја разгонија толпата.
разгонува се | несв.
За женско животно ‒ пројави нагон за оплодување. Кравите држени во штала се разгонуваат подоцна.
разгор | м.
Време на највисок степен на развој на нешто, момент на полн развиток на нешто. Тоа беше време на најсилен разгор на револуционерното движење.
разгорен | прид.
Глаг. прид.од разгори.
разгорештен | прид.
Глаголска придавка од разгорешти.
разгорешти | св.
Стопли, загрее, вжешти нешто. Топлото сонце ги разгорешти децата.