разгори | св.

Направи да гори силно, распали оган, пламен, распламти. Ковачите ги разгореа огништата.

разграба | св.

Земе бесправно, испокраде сè што може да се понесе. Крадците разграбаа сè што најдоа во куќата.

разграден 1 | прид.

Што е со отстранета ограда. Раградена нива. Разградено лозје.

разграден 2 | прид.

Што е распетлан, раскопчан во пределот на градите. Облечена е во сина разградена роба.

разгради 1 | св.

Симне, отстрани ограда. Го разградија дворот, за да направат нова ограда.

разгради 2 | св.

Распетла, откопча облека во пределот на градите, разголи гради. Ја фати горештина, па ја разгради робата.

разградлив | прид.

Што може да се разгради. Биолошки раградливи материи.

разграка се | св.

Почне силно, многу да грака. На небото се разграка јато чавки.

разгранет | прид.

а) Што развил, раширил во голема мера гранки и сл. Дрвото беше старо, широко разгрането. б) Раширен, развиен, зголемен. Разгранета дејност. Разгранета фабула.