раздрдори се | св.
Почне многу да дрдори, да зборува. Што си се раздрдорила, седни да работиш.
раздрмоли | св.
Расклати, разниша, раздвижи. Силниот удар на тупаницата му го раздрмоли забот.
раздрнда се | св.
Почне многу да дрнда. Се раздрнда на дрндалото и набрзо сета волна беше растресена.
раздрнка | св.
Направи нешто силно да клопоти, да испушта клопот. Ги раздрнкаа машините и настана силна бучава.
раздробен | прид.
Што е искршен, иситнет на помали делови. Раздробен камен.
раздроби | св.
Искрши, разбие на ситни парчиња; иситни. По некое време успеа да ја раздроби карпата.
раздрпа | св.
Со тегнење, влечење искине. Толку силно го повлече што му ја раздрпа кошулата.
раздружи | св.
Прекине политички, економски, деловни и сл. врски; раздели, разедини.
раздрум | м.
раздруса (се) | св.