разлее | св.
Истури, исипе течност од сад. Сето млеко го разлеа од тенџерето.
разлежи се | св.
Залегне, помине подолго време во лежење; почне да лежи подолго или почесто. Стариот се разлежи, одвај стануваше.
разлелее | св.
Направи нешто да се лелее, да се ниша повеќе или уште повеќе. По улиците млади ги разлелеаја знамињата. На трибините навивачите ќе го разлелеат големото знаме.
разлелека | св.
Поттикне, предизвика некого силно, засилено да лелека; расплака, растажи некого. Тој разлелека и зави во црно многу мајки.
разлени | св.
Поттикне, предизвика некого да стане безволен и мрзелив. Таа многу ги разлени децата.
разлепи | св.
Лепи, излепи (плакати и сл.) насекаде, на многу места. Децата ги разлепиле сликите по собата.
разлета се | св.
Почне да лета на разни страни, лета насекаде (птици или летечки објект). На небото се разлетале птици. Низ воздухот се разлетаа хеликоптери.
разлетне | св.
разлигавен | прид.
Што е лигав. Разлигавено лице.
разлигави | св.
Направи некој или нешто да стане лигаво; валка, извалка со лиги; лигави. Таа ја разлигави новата кошула. Облеката на бебето беше разлигавена.