разлие се | св.

Се лие, се лее на сите страни.

разлижан | прид.

Што е истрошен, излитен, ветов, износен на сите страни, насекаде. Разлижани панталони. Разлижана облека.

разлиже | св.

Со лижење, триење излити, истроши, направи да стане ветво. Фотелјата ја разлижа од седење. Таа ги разлижа пердињата од перење.

разлика | ж.

Несоодветство, нееднаквост, неизедначеност, несогласување; состојба во која два поима (предмет, појава, лице) имаат поинакви карактеристики; елементот со кој се прикажува разликата меѓу поимите, степенот и количеството на несоодветството; диференцијација. Јазични разлики. Разлика во ставовите. Идејна разлика. Меѓу нив има многу сличности и разлики. Треба да се анализираат разликите и сличностите.

разликува | несв.

а) Прави разлика, распознава несоодветство, нееднаквост, поинакви карактеристики кај два или повеќе поими, појави, предмети лица итн. Тој веднаш ја разликува комовата од сливовата ракија. Тој ги разликува печурките. б) Разграничува, издвојува, распределува, врши поделба во групи со помош на разликата меѓу нив, врши диференцијација; Лингвистите разликуваат 4 вида партицип во рускиот јазик. Тој разликува морски од езерски ракови. в) Распознава, толкува нешто како различно со помош на сетилата. Далтонистите не ги разликуваат боите.

разлипа | св.

Натера некого нагласено да липа, гласно да плаче. Тој со своето раскажување ги разлипа присутните.

разлистен | прид.

Стане обвиен со лисје. Разлистени дрвја. Разлистен даб.

разлисти | св.

За растение ‒ пушти лисја, развие лисја. Во градината разлистија растенијата. Благунот разлисти.

различен | прид.

Поинаков (појава, предмет, лице и сл.) од другите, што се одделува според своите поинакви особености. Различен проект. Два различни света. Различни погледи на светот. Различен состав.