разместлив | прид.

Што е подложен на разместување. Разместливи места.

размете | св.

Расчисти со метење. Таа го размете дворот.

размеша | св.

Добро измеша течност или некаква смеса. Таа ја размеша супата. Мајсторите го размешаа малтерот.

размеша се | св.

Почне силно, забрзано да меша. Се размеша и испрска насекаде.

размеѓи | св.

Постави определена меѓа, омеѓи. При процесот на денационализација специјални комисии ги размеѓија нивите.

размине | св.

(само 3 л., разг.) Помине, измине, исчезне. Детството размина и младоста бргу размина.

размириса се | св.

Почне силно да мириса, да се шири мирис на сите страни. Полето се размириса. Собата се размириса од зумбулите.

размирица | ж.

Несогласување, расправија, раздор, смут. Жестоки размирици.

размисла | ж.

Мисла проследена со долга и сериозна анализа. Грешна размисла. Точна размисла. Слободна размисла. Критички размисли.

размисли | св.

Со мислење оцени, одмери, расуди, дојде до некаков став, заклучи; обмисли сестрано. Тој размисли добро пред да дојде кај нас. Размисли за понудата, а потоа одговори ми. Јас треба да размислам како да му помогнам.