разработка | ж.

Дополнителна, поподробна обработка, доработка на нешто (замисла, план итн.). Разработката на оваа идеја е неопходна. Тој пристапи кон разработка на јазичните прашања.

разрадости се | св.

Почне да се радува, се разрадува, почувствува радост во поголема мера. Кога ја слушна веста, тој многу се разрадости.

разрадува | несв.

Носи, пренесува, предизвикува некому радост. Тој ги разрадува домашните. Убавата вест ги разрадува присутните.

разранет | прид.

Што има рани. Разранета уста. Разранети нозе. Разрането тело. Разранети плеќи.

разрани | св.

Причини рана, направи да се појави рана, обично на кожа. Комарците му ја разранија раката. Чевлите му ги разранија нозете.

разрасне | св.

Израсне, расне повисоко и зафати повеќе место. Разраснале децава, не ги познав. Разраснале дрвјата. Разраснала тревата во градината.

разраст | м.

Нагласен раст кон поширок опфат; Разрастот на банкарскиот систем е постојан. Разрастот на писменоста.

разреве се | св.

Почне да реве силно или уште посилно (за животно). Коњот се разреве.

разред | м.

Група, дел. Платни разреди.