расвести | св.
Направи некој да почне да преоѓа од несвесна во свесна состојба; освести. Студената вода и свежиот воздух ја расвестија девојката. Таа го расвести со вода и со студени облоги.
расветли | св.
Опсипе, облее со светлина. Тој ја расветли собичката со батерија. Тој го расветли патот. Месечината го расветли морето.
расвири се | св.
Почне да свири многу, се занесе во свирењето. Тој се расвири и од срце се израдува.
расеан | прид.
Глаголска придавка од расее. Семето е расеано од ветрот.
расева | несв.
расед | м.
Расцеп, пукнатина во Земјината кора.
раседла | св.
Симне седло или самар од животно; Тој ги раседла коњите и им даде да зобаат.
раседне | св.
расее | св.
Растури, исипе на разни страни. Момчето го расеало житото по патот без да сети. Урната ја расеавме по полето.
расек | м.
Прорез, расцеп во должина. Здолниште со расеци отстрана.