раскалавен | прид.

Што има својство на кал. Раскалавена земја. Раскалавена нива. Раскалавен двор.

раскалави | св.

Направи да биде нечисто, калливо. Детето ги раскалави панталоните.

раскалашен | прид.

Разгален, распуштен, неодговорен. Раскалашена девојка. Раскалашени деца.

раскали | св.

Направи да стане кал;

раскалуѓер | м.

Тој (калуѓер) што се раскалуѓерил или го раскалуѓерил некој. Има многу малку раскалуѓери.

раскалуѓери | св.

Отстрани некого од калуѓерски ред, одземе некому калуѓерски чин; Тој ги раскалуѓери побунетите калуѓери.

раскапан | прид.

Што е скапан, изгниен. Раскапани мрши. Раскапани штици. Раскапан мебел. Раскапано возило.

раскапаник | м.

Што е снемоштен, изнемоштен.

раскапе | св.

Раздроби, разбие, стори да биде на делови, раскрши, претепа. Тој ги раскапа штиците. Тие му ја раскапале главата. Го раскапале од ќотек.

раскапе се | св.

Почне да капе отсекаде, засилено од сите страни; Покривот се раскапа. Стреите се раскапале. Солзите ѝ се раскапаа по образите.