скриптарница | ж.

Место каде што се умножуваат и се продаваат скрипти.

скрипториум | м.

Одделна просторија во средновековен манастрир каде што се пишувале и препишувале црковни и богослужбени книги.

скрит | прид.

скришен | прид.

Таен, прикриен, недостапен. Скришно место. Скришна болница во планината.

скришум | прил.

Тајно, скришно, без да се види, без да се разбере. Скришум се состануваа. Тој пиел скришум. Скришум избриша една солза.

скрка | ж.

Неплодна каменлива земја. Задишани се качуваа по скрките.

скркори | св.

За човек ‒ почне одеднаш да кркори. Селанецот скркоре држејќи се за градите.

скроб | м.

Органска материја, брашнеста маса, без вкус, што се добива од плодовите на растенија (компир, жито и сл.); нишесте.

скробен | прид.

Што се однесува на скроб.

скрои | св.

Со кроење приготви облека, обувки и друго за крајна обработка. Мајсторот тесно ми го скроил фустанот. Една од мајките им скрои и им соши работни облеки на првачињата од нашето училиште.