слез | м.

Едногодишно или двегодишно растение чии листови и плодови се употребуваат како зеленчук, а уште почесто како лековито средство. Бел слез ‒ Malva rotundifolia, црн слез ‒ многу распространета лековита билка со виолетови цветови; Malva silvestris.

слезе | св.

Се спушти, се симне од повисоко место на пониско. Војската слезе в град. Цело попладне работеше на таванот и дури попладне слезе. Планинарите слегоа од планината. Слезе по скали.

слезина | ж.

Кај човекот и кај животните цицачи ‒ крвотворен орган што се наоѓа во горниот лев дел од стомачната празнина под дијафрагмата.

слекува | несв.

слече.

слелека | св.

Почне наеднаш да лелека. Жените наеднаш слелекаа.

слеме | ср.

Најголемата греда во средината на покривот на градба, на куќа.

сленг | м.

Посебен говор на затворена група луѓе што го разбираат само тие, при што значењето на зборовите отстапува од општоприфатените семантички вредности; жаргон, арго.

слеп | прид.

а) Што е лишен од сетилото за вид, што не гледа, што не може да гледа. Слеп роден. Училиште за слепи. Слеп питач. Слепиот гуслар ја извиваше својата тажна мелодија. б) Како им. слепец. Слепиот влезе. Водач на слепи.