слушач | м.

Лице што слуша нешто; слушател. Тој беше лош слушач. Слушачите на стиховите биле воодушевени.

слушен | прид.

Што се однесува на слух, што служи за слушање. Слушни органи. Слушен апарат.

слушне | св.

Прими со сетилото за слух ‒ гласови, звуци или шумови. Тој слушна кога заѕвони телефонот. Тој слушна како тропна влезната врата. Тој ја слушна радосната вест. Си го слушна името и се јави дека е присутен.

смагли се | св.

Покрие се одеднаш со магла; се замагли. Наеднаш се смагли.

смад | м.

Миризба на обгорено. Се чувствуваше смад во воздухот.

смаден | прид.

Што мириса на загорено, нагорен, обгорен, засмаден. Смаден чорап.

смади | несв.

Симина влас, нагорува, обгорува; прли. Ја смади кокошката. Го смади закланото прасе.

смадри | св.

Направи да стане мирен, смири. Смадри ги веќе децана. Да беше жив татко ти, ќе те смадреше.

смае | св.

Силно почуди со својата необичност, зашемети. Неговиот изглед ја смаја жената. Толку се смаја што едвај се задржа да не падне.

смали | св.

Направи нешто да биде помало по обем, количество, големина, по интензитет, степен од претходната состојба; намали. Газдата го смали бројот на вработените. Автомобилот ја смали брзината наеднаш и гумите зачкрипеа.