смандори | св.
Излаже некого набрзина. Ќе го смандори тој стариот, ќе му земе пари.
смарагд | м.
Вид скапоцен камен со зелена боја. Прстен со смарагд.
смарагден | прид.
Што е од или со смарагд; што е со боја на смарагд. Смарагден прстен.
смасен | прид.
Што внимава на својот изглед, уреден, прибран; несмасен. Не е многу смасен, секогаш е накапан од последниот ручек.
сматен | прид.
Што е нејасен, неодреден, матен. Имаше некои сматни слики од детството. Со сматен поглед стоеше на вратата. Сматна фотографија.
смати | св.
За вода, течност ‒ направи да стане матен. Ветерот ја смати водата во езерцето.
сматкоса се | св.
За јајце ‒ се расипе, стане сматок. Јајцава се сматкосале.
сматок | м.
Расипано јајце. Сите јајца испаднаа сматоци. И ова јајце е сматок.
смачи (ми) се | св.
Стане некому мачно, тешко, здодевно. Ми се смачи од чекање нешто убаво да се случи. Нему му се смачи од слушање глупости.
смачка | св.
Сплеска, столчи, направи нешто да изгуби форма. Таа го смачка јајцето. Каменот го смачка возилото што било паркирано тука. Тој со стапот смачка една грутка земја.